Роден е 1990 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Неготино. Во текот на средното образование освојува бројни награди на државни натпревари по информатика, физика и математика. Дипломира во 2013 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на смерот Информатика и компјутерско инженерство (ИКИ) со просек 9.72. Во текот на студирањето континуирано е наградуван за успешно студирање. Во 2016 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ја одбранил магистерската теза и се стекнал со звањето магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на компјутерските мрежи и е-технологиите. На докторски студии се запишува во септември 2017 на смерот Компјутерски науки на Факултетот за информатички науки и инженерство.
Во периодот од 2014 до 2017 работи како софтверски инженер во Компјутерски центар на ФИНКИ, а дополнително е ангажиран и како демонстратор на повеќе предмети. Во декември 2017 е избран за асистент-докторанд на ФИНКИ. Неговите наставни обврски опфаќаат работа на предмети од областа на Оперативни системи, Компјутерски мрежи, Веб програмирање, Електронска и мобилна трговија, Архитектура и организација на компјутери и Мобилни платформи и програмирање.
Во својата досегашна кариера има учествувано во бројни софтверски и истражувачки проекти. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено неколку научни трудови како автор и коавтор. Активно работи во областа на машинско учење и длабоки невронски мрежи за обработка на природни јазици во податоци од областа на финансиите и медицината.
Рецензија - ЛИНК.Одлука за избор - ЛИНК