Марјан Гушев, д-р на науки, работи како професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ), при факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство (Финки).
Тој е искусен научник, професор и иноватор, менаџер и експерт, со големо знаење и длабоко разбирање на научните концепти од компјутерските науки и нивната примена во голем дел од проекти, вклучувајќи био-инженеринг на медицински сигнали, теле-медицина, решенија од ерата на пресметување на работ, пресметување во облак и роса, паралелно процесирање, имплементација на електронски сервиси, менаџмент на Универзитет, развој на ИТ стратегија и управување итн.
Има објавено 875 научни и стручни трудови, од кои 194 со фактор на влијание според извештајот на Web of Science JCR 2020, со 572 цитати и постигнат H-индекс од 10, (според Scopus има индексирано 238 статии, 1120 цитати и H-индекс 14, а според Scholar Google 506 статии, 2800 цитати и H-индекс 24). Два од неговите трудови од 2018 и 2017 достигаат висока цитираност од 50 и 37 цитати соодветно, според Web of Science и се наоѓаат во 98-миот персентил од сите можни статии. Според анализата на УКИМ, тој е автор со најмногу објавени статии од професори на УКИМ индексирани според Web of Science, со просечно една статија месечно за последните десет години (просекот на професори од УКИМ изнесува 0.16 годишно). Има објавено 3 патенти кај светската организација за интелектуална сопственост.
Неговото огромно искуство во работата вклучува крос-функционални меѓународни од голем број на дивергентни области, потврдено како проектен раководител на 18 и учесник на други 18 проекти од Европската Комисија, како што е H2020, FP7, FP6, COIN, и TEMPUS со тотален буџет повеќе од 7 милиони евра, а воедно е раководител на 11 национални проекти, од кои два од Фондот за иновации и технолошки развој, како и и учесник на други 3 национални проекти. Реализирал повеќе проекти од областа на Е-Влада, Е-Бизнис, што вклучуваат развој на национална стратегија и акциски план, односно реализација на триаголна платформа универзитет (знаење) - влада (управување) - индустрија (примена).
Во својата 30-годишна наставна активност, одржува настава по 235 курсеви на додипломски, после-дипломски и докторски студии, публикувал 23 книги, и 30 учебни помагала, а воедно бил ментор на 11 докторанди и 14 магистранти, од кои 12 се денеска актуелни универзитетски професори во земјава и светот.
Организирал 8 меѓународни конференции и 30 работилници, иницирал и раководи со повеќе лаборатории и специјализирани академии, член е на повеќе меѓународни здруженија од областа на информатика, вклучувајќи и основање на IEEE Dew Computing Special Technical Society. Добитник е на многу награди и признанија, како што се повеќе награди најдобра статија на меѓународни конференции, печат на одличност од Европската комисија за H2020, награда за најдобар научник на УКИМ во 2012, како и наградата „Св. Кирил и Методиј“ во знак на признание за достигнувањата во наставно-образовната дејност, како и за неговите заслуги во развојот и унапредувањето на високото образование и афирмација на Универзитетот во државата и пошироко во 2016.
Во 2020-та е избран за дописен член на Словенечката Академија за инженери.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК