Роден е 1949 во Битола. Дипломирал, магистрирал, и докторирал на Електротехничкиот факултет во Загреб. Бо 1974 година се вработил во Математичкиот Институт со Нумерички Центар во Скопје. На Електротехниќкиот факултет се вработил во 1976 година на Катедрата за кибернетика. До 2000 год. бил избран и реизбран во редовен професор по компјутерски науки. Се усовршувал во странство на повеќе места вклучувајќи фирмата IBM во Германија, на универзитетите Tsukuba и Kanazawa во Јапан, на Универзитетот во Massachusetts во Amherst, САД, и Центарот за информатички технологии во Bonn, Германија. Својот научен напор го насочил кон пионерски достигања во развојот на компјутерските науки: Негови доприноси за почетоците на компјутерските науки во Македонија се:
- 1968: го напишал и одржал првото предавање под наслов Апстрактни Автомати, за кој бил поттикнат од професотот Горги Чупона, труд кој може да се смета за почеток на компјутерските науки во Македонија.
- 1975: раководел со проект за надворешен нарачател, во кој е реализирана база на податоци која опфаќала 150,000 полиња.
- 1978: испорачал на надворешен нарачател производ од ЕТФ, дигитален програматор, со што е променет стереотипот дека ЕТФ треба да изаботува само студии и експертизи. Oвој производ е патентиран.
- 1978: формирал лабораторија за изработка на дигитални контролери и биомедицински уреди
- 1980: истапил на меѓународен саем со свои реализации.
- 1978: иницирал прв симпозиум од областа на компјутерски науки во Македонија.
- 1980: го иницирал првото професионално друштво од областа на компјутерски науки, Друштвото за биокибернетика.
- 1979: бил еден од основачите на Заводот за компјутерска техника и информатика.
- 1979: учествувал во изработката на првиот наставен план за студии по информатика на ЕТФ со што се овозможи проширување на Заводот на повеќе од иницијално двајца членови.
- Основоположник е на областите вештачка интелигенција, роботика, и биоинформатика во Македонија.
- 1981: станува прв член на IEEE од областа на компјутерски науки од Македонија
- 1982: реализирал прв систем со мултипрограмминг и мултитаскинг софтвер
- 1983: го реализирал првиот робот во Македонија
- 1984: добил прв државно финансиран проект од областа на компјутерските науки во Македонија.
- 1985: објавил прв научен труд во IEEE Тransactions од компјутерски науки во Македонија
- 1985: бил гостин-уредник на списание, списанието Automatika.
- 1988: реализирал управување на робот со помош nа сигнали од мозокот, резултат кој е потенцијално најзначајниот од компјутерските науки во Македонија; следното вакво светско остварување е реализирано 11 години подоцна во САД.
- 1990: го реализирал првиот информациски систем на ЕТФ базиран на персонални компјутери, а
- 1993 првиот информацски систем во Македонија базиран на Oracle база податоци, системот за амбуланти на клиничкиот центар.
- 1997: го организирал првиот универзитетски студентски натпревар по информатика.
Од 2001 работи на Департманот за математика и комјутерски науки на Државниот Универзитет на Јужна Каролина во САД, како редовен професор по комјутерски науки. Ангажиран е како експерт на Европската унија. Пионерските стапки, во правец на добивaње финансиран проект, изработка на производ за надвошни нарачател, патентирање, формирање лабораториja, истапување на саем, формирање професионалнo друштвo, објавување во врвнo светскo списаниe, научнo достигањe коe отвара новa насокa во науката, го трасирале патот на компјутерските науки во Македонија.