д-р Весна Димитриевска Ристовска е родена 1968 год. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје, со континуиран одличен успех.
Дипломирала на Природно-математичкиот Факултет во Скопје на студиите по информатика со просечна оценка на студиите 9.43, со одбрана на дипломска работа со наслов “Паралелизација на секвенцијална програма“. Во јануари 2007 година го одбранила магистерскиот труд под наслов “Квантитативни мерки за рамномерна распределба на низи“, со што се здобила со звањето магистер по информатички науки. Во 2013 година на ФИНКИ ја одбранила докторската дисертација на тема ,,Квази Монте карло интегрирање во тежински Хилбертови простори и врска со дијафонијата – математички модели и софтверска реализација”.
Во рамките на наставно-образовната дејност на УКИМ, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, д-р Весна Димитриевска Ристовска изведувала или изведува настава по предметите: Калкулус 1, Калкулус 2, Калкулус 3, Математика 1, Математика 2 и Дискретна математика 1 на прв циклус студии, на предметите: Оптимизација и Калкулус 3 на втор циклус студии.
Како асистент на ИИ, при ПМФ изведувала аудиториумски и лабораториски вежби по предметите: калкулус 1, калкулус 2, калкулус 3, основи на програмирање, бази податоци, основи на оперативни системи, аналитичка геометрија, нумеричко сметање, вектори и матрици, нумерички методи, диференцијално сметање, вовед во информатиката 1, функции од повеќе променливи, информатика, математичка анализа, теорија на информации, програмирање и програмирање на сметачки машини.
Во последните 5 години д-р Весна Димитриевска Ристовска има објавено неколку научни трудови од областите математика, информатика и компјутерска техника и информатика.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК