Се потсетуваат студентите дека пополнувањето на анкетите за оценување на квалитет на настава е задолжително и услов за заверување на зимски семестар. Сите студенти кои не ги пополниле анкетите потребно е да ги пополнат најдоцна до среда, 05.03.2014 година. Ве потсетуваме дека анкетите се задолжителни, но анонимни. Од системот iKnow се преземаат информации за запишаните предмети и соодветните наставници, а потоа се забележува само информација дека тој студент пополнил анкета за тој предмет. Врската кон одговорите на прашањата од студентите не постои, со што се гарантира целосна анонимност. За да нема сомневања, целиот изворен код на системот ќе биде објавен јавно на увид на сите заинтересирани.

За било какви проблеми во врска со системот потребно е проблемот да се пријави на тикет системот достапен на help.students.finki.ukim.mk. При пополнување на тикетот изберете ја соодветната категорија со цел тикетот да стигне до одговорните лица.

Изворниот код на апликацијата е достапен на овој линк[GitHub].