Почитувани студенти, Ве известуваме дека во специјалната студентска сесија во рамки на 9-тата Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2012, во организација на ФИНКИ, која ќе се одржи во хотел Молика, Битола во период од 19-22 април 2012, комисијата задолжена за проектите ги избра следниве проекти за јавна презентација:

 
  • ФИНКИ Библиотека (сервис за подигање и враќање книги)
  • Посредник (middleware) во облак за динамичко алоцирање ресурси по потреба на корисникот
  • Инсталација на OpenStack Compute Cloud и изработка на систем за администрирање на инстанците од виртуелните машини
  • Моделирање на брзина на множење матрици со пресметка на L1, L2, L3 кеш погодоци / промашувања и анализа на теоретската и измерената брзина кај еднопроцесорски и повеќепроцесорски системи. 
  • Откривање на писатели духови
  • Мобилен информационен систем за организирање на хуманитарни настани
  • Апликација за синтаксичка и семантичка проверка на јазикот RLAN со продукција на извршна апликација и визуелизација
  • Имплементација и истражување на SQBC
  • Оптимизација на алгоритам за паралелно множење на матрици кај модерен мултипроцесор со shared L3 cache
  • Дополнета реалност 
  • Алумни сервис за ФИНКИ
  • Extension of Carrot2 project
  • Framework architecture for data aggregation and analysis
  • Lunch planner
  • Hand gestures recognizing from Microsoft’s Kinect sensor
 
Се задолжуваат сите тимови чии проекти се избрани, да пратат порака до доц. д-р Весна Димитрова на адреса vesna.dimitrova@finki.ukim.mk најдоцна до 09.04.2012 во која ќе наведат име и презиме на презентерот на соодветниот проект на CIIT 2012.
 

Студентската сесија во рамки на Конференцијата ќе се одржи во сабота (21.04.2012). Деталниот распоред за конференцијата ќе биде објавен дополнително на страната на конференцијата.

Со почит, Организацискиот одбор на CIIT 2012