На 24.04.2013 година ќе се одржи настан по повод Денот на високото образование кој ќе трае од 10 до 17 часот. Централниот настан ќе се одржи пред платото на Ректоратот на УКИМ, каде што и факултетите ќе имаат поставено свои штандови.
 
Посетителите ќе имаат можност да разговараат со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.
 
Покрај другите активности предвидени се јавни дебати, многубројни наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Пламенка Трајковска и квартет и групата СУПЕРХИКС на платото на Универзитетот со почеток од 10 часот.
 
ФИНКИ ги поканува сите заинтересирани да дојдат на настанот и да дознаат повеќе за Факултетот, студиските програми и активностите.