Објавен е Дополнителен конкурс за запишување трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Потенцијалните кандидати можат да се пријават за запишување на третиот циклус од областа на информатиката, како дел на природно-математичките науки (15 кандидати) или од областа на компјутерските науки и инженерството, како дел на техничко-технолошките науки (25 кандидати).

Конкурсот е отворен од 8 до 24 февруари 2012 година. Сите документи наведени во конкурсот треба да се достават во Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.