Почитувани студенти, ве известуваме дека од денеска се пуштени во употреба е-сервисите на ФИНКИ наменети за сите негови студенти. Студентските сервиси се достапни на адресата http://www.students.finki.ukim.mk/.
За сите е-сервиси на ФИНКИ студентот користи само едно корисничко име и една лозинка, со која се најавува на CAS – централизираниот автентикациски сервис на ФИНКИ и добива пристап до соодветните е-сервиси.
Понудените е-сервиси за студентите од ФИНКИ во моментот вклучуваат:
- Live@Edu сервиси – mail акаунт на Outlook.com, пристап до Microsoft Office 365 (online верзијата на Office), Microsoft SkyDrive (online место за чување на вашите документи, со простор од 25GB), итн.
- Студентски сервиси – Courses и Learning environment (две околини за курсевите кои ги слушате на Факултетот, во рамките на кои ќе имате пристап до материјали од предавањата и вежбите, литература, соопштенија, календари на активности, форуми за дискусија, итн.), пристап до вашето електронско досие, пристап до системот за помош на корисници како и системот за соопштенија.
Студенти од прва година
Корисничкото име на студентите од прва година е бројот на индекс, кој има шест цифри. Иницијална лозинка за секој студент е неговиот матичен број, со додадено fnk! на крајот.
По најавата, студентот треба да ја активира својата корисничка сметка на Outlook.com (сервисот ќе биде излистан на http://www.students.finki.ukim.mk/ по успешната најава). Откако ќе ја активира корисничката сметка на Outlook.com, може да направи промена на лозинката, која ќе му биде испратена на новата mail адресата.
Студенти од погорни години преминати од ПМФ
Корисничкото име на студентите од погорните години преминати од ПМФ им е бројот на индекс. Лозинката на секој студент е онаа која студентот си ја креирал во изминатиот период.
Студенти од погорни години преминати од ФЕИТ
Корисничкото име на студентите од погорните години преминати од ФЕИТ им е во формат iiiigg, каде iiii е бројот на индекс со дополнителни 0-ли напред, а gg се последните две бројки од годината на запишување – со ова, корисничките имиња се исти како што беа и досега на FEITle порталот. Иницијална лозинка за секој студент е неговиот матичен број, со додадено fnk! на крајот.
За проблеми со е-сервисите, користете го системот http://help.students.finki.ukim.mk/.