Во периодот 18.-31.10.2013 година во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ се организира Годишната конференција за IV семестар. На конференцијата ќе учествуваат и студенти на докторските студии на ФИНКИ. Повеќе информации за настанот и распоредот на презентациите можете да најдете на овој линк. Докторантите на ФИНКИ своите презентации ќе ги имаат на 28.10.2013 година (понеделник) со почеток во 10 часот, во Амфитеатарот наТМФ. На настанот се покануваат членовите на Советите на студиските програми, активните студенти на трет циклус докторски студии на студиските програми на ФИНКИ, како и други лица од наставно-научниот кадар и други заинтересирани лица.