Објавен е Конкурс за запишување трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 

Потенцијалните кандидати можат да се пријават за запишување на третиот циклус од областа на информатиката, како дел на природно-математичките науки (12 кандидати) или од областа на компјутерските науки и инженерството, како дел на техничко-технолошките науки (12 кандидати).

Конкурсот е отворен од 15 август до 14 септември 2012 година. Сите документи наведени во Конкурсот треба да се достават во Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 
 
Сите детали за уписот на докторски студии можете да ги погледнете во делот Уписи - Докторски студии