Врз основа на Одлуката од Деканатската управа бр. 02-1080/1 донесена на 24.9.2011 година за потреба од демонстратори за лабораториски вежби на Факултетот за информатички науки и комpјутерско инженерство во Скопје, деканот на Факултетот распишува интерен оглас за избор на демонстратори за лабораториски вежби. Детали за огласот можете да видите во текстот што следува или во овој документ[PDF].
 
 

Се повикуваат заинтересираните студенти за демонстратори за лабораториски вежби во зимскиот семестар да се пријават на огласот. Може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 150 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки.

Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса snezana.ristovska@finki.ukim.mk со назнака [demonstratori], најдоцна до среда, 03.10.2012 година до 10:00 часот.

Факултетот го задржува правото да ги ангажира дел од пријавените демонстратори согласно потребите за одржување на лабораториските вежби.
 
 

Факултетот за информатички науки и комpјутерско инженерство во Скопје
Декан
Проф. д-р Димитар Трајанов