Врз основа на Одлуката од Деканатската управа донесена на 25.02.2013 година за потреба од демонстратори за лабораториски вежби на Факултетот за информатички науки и комpјутерско инженерство во Скопје, деканот на Факултетот распишува интерен оглас за избор на демонстратори за лабораториски вежби. Детали за огласот можете да видите во текстот што следува или во овој документ[PDF].
 
 

Се повикуваат заинтересираните студенти за демонстратори за лабораториски вежби во летниот семестар да се пријават на огласот. Може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 150 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки.

Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса snezana.ristovska@finki.ukim.mk со назнака [demonstratori], најдоцна до петок, 01.03.2013 година до 14:00 часот.

Факултетот го задржува правото да ги ангажира дел од пријавените демонстратори согласно потребите за одржување на лабораториските вежби.
 
 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје
Декан
Проф. д-р Димитар Трајанов