Врз основа на Одлуката од Деканатската управа донесена на 03.11.2015 година за потреба од лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти), деканот на Факултетот распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти) во зимскиот семестар 2015/2016.На огласот може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 150 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки.Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до петок, 06.11.2015 година до 10:00 часот. Факултетот го задржува правото да ангажира дел од пријавените лица согласно потребите за одржување на лабораториските вежби. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје