Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, објавува соопштение дека на 06.07.2012 год. (петок) во 10 часот во Амфитеатарот на Технолошко - Металуршкиот факултет во Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на докторска дисертација со наслов „Нови класификациски алгоритми за анализа и откривање на знаење од дијатомејски заедници во водени средини“ од кандидатот м-р Андреја Наумоски, магистер на информатички науки.
 
Скопје, 28.06.2012, од Деканатот на ФИНКИ - Скопје