Можност за прерангирање за кандидатите запишани од вториот уписен рок
 
Сите кандидати кои сакаат да ја променат студиската програма на која се запишале, имаат можност до 19.09.2011 до 14:00 часот да поднесат барање за промена на насоката, на следниот образец според дадената табела на слободни места. Барањето треба да се достави на шалтерот на ФИНКИ или да се прати потпишана и скенирана (или фотографирана) копија на contact@finki.ukim.mk со тема [Prerangiranje], а потоа во текот на следните денови да се донесе и оргиналот. На 20.09.2011 ќе бидат истакнати конечните ранг листи по насоки, со проширените квоти на кандидатите од втор уписен рок.

Кандидатите кои со новото рангирање преминуваат од приватна во државна квота, а веќе ја уплатиле првата рата од 200ЕУР, ќе се смета дека имаат платено цела школарина за учебната 2011/2012 и нема да плаќаат втора рата. Кандидатите кои преминуваат од државна во приватна квота, и платиле прва рата, ќе треба да ја доплатат разликата во правата рата (до 200ЕУР) и да потпишат договори за кофинансирање и изјава за согласност дека ќе ги сносат трошоците.