Објавено на:
09/09/2014
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во среда, 10.09.2014 година, 8-16:00 часот.