Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти на ФИНКИ е објавен списокот на пријавени кандидати за запишување во прва година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во учебната 2011/2012 година.
 
Рокот за поднесување приговори за технички пропусти е 23.08.2011 година до 14:00 часот. Постапката за поднесување приговор на објавената листа на пријавени кандидати може да ја преземете во електронска форма, а Образецот за приговор можете да го подигнете и на Инфо шалтерот на ФИНКИ во рамките на Технолошко-металуршкиот факултет.