Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти на ФИНКИ се објавени прелиминарните ранг листи за првиот уписен рок на ФИНКИ во учебната 2011/2012 година.
 
Рокот за поднесување приговори за технички пропусти е 26.08.2011 година до 10:00 часот. Постапката за поднесување приговор на објавената прелиминарна ранг листа може да ја преземете во електронска форма, а образецот за приговор можете да го подигнете и на Инфо шалтерот на ФИНКИ во просториите на ТМФ.
 
Нерангирани кандидати 
 
Сите кандидати кои не се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање), имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати.

Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми, во согласност слободните места по студиски програми. Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во Инфо шалтерот на ФИНКИ до 10:00 часот на 26.08.2011 (петок).