Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува во понеделник, 19.09.2011. Распоредот на часови е објавен до делот „Студии - Додипломски студии - Распоред“.
 
Напомена за студентите од прва година: Распоредот за студентите од прва година е во првична верзија и можни се промени во претстојните две седмици. Затоа редовно проверувајте за нова верзија. 
Во првата седмица лабораториски вежби нема да се одржуваат. Се очекува студентите да дојдат во термините за предавања. На терминот за предавања студентите ќе бидат запознаени со поделбата за аудиториумски и лабораториски вежби.
Студентите запишани на студиската програма Примена на е-технологии треба по сопствен избор да одберат да посетуваат настава и потоа полагаат еден од понудените изборни предмети: „Вовед во интернет“ или „Компјутерски апликации“. Останатите предмети од распоредот се задолжителни за сите студенти. 
Во првата седмица нема да се одржува наставата од курсевите Англиски јазик и Професионални вештини.