Објавено на:
20/08/2015
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во првиот уписен рок ќе се изврши на 24.08.2015 и 25.08.2015 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ.
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, на местата кои ќе останат слободни.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми - која ќе ја најдете на порталот за нови студенти (join.finki.ukim.mk), во делот Документи - Прв уписен рок.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во петок, 21.08.2015 година, 8-16:00, како и при запишувањето на 24.08.2015 (понеделник) 9-14:30.