Кандидатите на магистерски студии на програмите пренесени од ФЕИТ, запишани во учебните 2008/2009 и 2009/2010 година, се должни да пријават тема за изработка на магистерски труд, најдоцна до 01.11.2011 година. Пријавата, заедно со образложението за научна оправданост на темата, планот за работа и прегледот на литература, како и биографијата на кандидатот, во овој рок треба да се достават во електронска форма до Колегиумот на студиската програма преку предложениот ментор.

Прифатените пријави со комплентната документација, потпишани од кандидатот и предложениот ментор, треба да се достават во Студентската служба на ФИНКИ (лабораторија SoCD, анекс, приземје) во 4 примероци, со 50 МКД административна такса, најдоцна до 11.11.2011 година.