Објавено на:
19/11/2012
З.У. Поликлиника на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје им соопштува на студентите во прва година на студии на ФИНКИ да се јават на задолжителен систематски преглед од 17.12.2012 до 24.12.2012 година од 7.30-12.00 часот.
Систематскиот преглед ке се врши во просториите на Поликлиниката која е сместена до студенскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”-Скопје на Ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.58 со следниот распоред по групи:
- Група 2, ИНФО: Понеделник 17.12.2012
- Група 3, ИКИ: Вторник 18.12.2012
- Група 4, ИТ: Среда 19.12.2012
- Група 1, АСИ: Четврток 20.12.2012
- Група 5: Понеделник 24.12.2012
Систематскиот преглед опфаќа:
- Лабораторија (крвна слика и преглед на урина) напомена:студентот не мора да биде гладен
- Општ медицински преглед
- Превентивен стоматолошки преглед
Потребни документи:
- Индекс
- Заверена здравствена легитимација
- Копија од здравствена легитимација(од 2 до 5 страна)
Од поликлиниката напоменуваат дека согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3 на студентите кои нема да бидат систематски прегледани нема да им биде заверен зимскиот семестар.
Се молат студентите строго да се придржуваат на распоредот и терминот на прегледот.