Почитувани студенти, ве информираме дека во тек е пријавувањето за универзитетските спортски лиги. Имаме право да се пријавиме за следните спортови:
 
  • Кошарка - Мажи/Жени
  • Ракомет - Мажи/Жени
  • Одбојка - Мажи/Жени
  • Пинг Понг - Мажи/Жени
  • Футсал - Мажи

Бидејќи времето за пријавување е кратко, ги молиме сите заинтересирани за кој било од горенаведените спортови да испрати кратко CV во кое ќе го наведе своето претходно искуство со истите на finkisports@gmail.com. Ве молиме сите пријави да ги испратите најдоцна до сабота, 04.02.2012 година, за да може да се направи прелиминарно формирање на екипите и пријавување на истите.