Уписот на новите студенти согласно објавените решенија за прием на втор циклус на студии – магистерски студии во учебната 2011/2012 година, ќе се врши од 11 ноември до 18 ноември 2011 година, од 12:30 до 15:00 часот, во општата служба на ФИНКИ, лоцирана на приземје во зградата на деканатот на Факултетот (спроти Технолошко - металуршки факултет).

Потребни документи за запишување:

  • Индекс (бесплатно се добива при уписот)
  • 2 (две) фотографии 3,5 см х 4,5 см и 1 (една) 2 cm x 3 cm
  • Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  • Извод од матичната книга на родените
  • Пријавен дупли лист за запишување семестар со 50,00 ден. административна такса
  • Образец за запишување семестар со 50,00 ден. административна такса
  • Интерен пријавен лист
  • Статистички образец за II циклус на студии – ШВ.80А (се добива на ИНФО шалтерот)
  • Договор за студирање (за едногодишни студииза двогодишни студии) кој може да се добие и на шалтерот
  • Доказ за уплата на целосниот износ на студиите или на 1 рата (пример уплатница)
    • 1 рата = 1/4 од вкупната цена на студиската програма за двогодишните магистерски студии (3 + 2)
    • 1 рата = 1/2 од вкупната цена на студиската програма за едногодишните магистерски студии (4 + 1)
Уплатата се врши во денарска против вредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата.
 
Административната такса може да ја уплатите со уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС порака, според даденото упатство.