Уписот на новите студенти како и заверката и уписот на семестар за тековниот семестар, како и пријавување на испити од трет циклус – докторски студии на ФИНКИ ќе се одвива во периодот од 02 до 06 ноември 2015 година, 9:00-12:00 и од 14:30 до 15:30 во службата за студентски прашања на ФИНКИ.
 
За упис на новите студенти е потребно:
    • пријавен лист (дупли розев) со административна такса 
    • формулар за запишување на семестар (треба да го пополнат со 3 генерички предмети и 2 стручни) со административна такса 
    • индекс (бесплатно се добива при уписот) 
    • три фотографии (две со димензии 3.5 х 4.5 со една со димензии 2 х 3) 
    • потврда за уплата на Докторската школа - 250 евра во денарска противвредност се плаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава сметка: 160 010 3689 78818; приходна шифра и програма: 723012 41; банка на примач: Народна банка на Република Македонија (линк
    • потврда за уплата на една рата на ФИНКИ
 Потребни документи за заверка и упис на нов семестар за тековните студенти 
    • Потврда за уплатена школарина за следниот семестар на докторските студии – следна рата (школарината се плаќа на 6 еднакви рати на почетоткот на секој семестар, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на денот на уплаќањето)
    • 1/6 од вкупниот износ кој го пишува во договорот се уплаќа на жиро-сметка на ФИНКИ. 
    • Образец за запишување на семестар (УКИМ) со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС) 
    • Образец за заверка на семестар (УКИМ) со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС)