Објавено на:
13/08/2014
Објавен е конкурс за запишување на нови студенти на магистерски студии во втор уписен рок во учебната 2014/2015 година. Повеќе детали за Конкурсот можете да добиете на овој линк или во текстот што следува.
Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.edu.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.
Со пријавата кандидатите поднесуваат:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома за завршен прв циклус студии;
- куса биографија (CV);
- потврда за знаење странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Рокови за пријавување и запишување
Пријавување на кандидатите 15.09.-17.10.2014
Запишување на кандидатите 23-24 октомври 2014
Повеќе информации за студиите можете да добиете на magisterski@finki.ukim.mk
Квоти и школарини за прв уписен рок за втор циклус на студии
Студиска програма | Број на студенти | Вкупен износ на школарина (ЕУР) | |
3+1+1 | 4+1 | ||
Едногодишни магистерски студии | 280 | 1800 | |
Компјутерски мрежи и е-технологии | 40 | 1800 | |
Интелигентни информациони системи | 40 | 1800 | |
Софтверско инженерство | 40 | 1800 | |
Содржински базирано пребарување | 20 | 1800 | |
Биоинформатика | 20 | 1800 | |
Екоинформатика ТЕМПУС | 10 | 1800 | |
Систем во чип ТЕМПУС | 10 | 1800 | |
Инженерство на интелигентни системи | 20 | 1800 | |
Кодирање и криптографија | 20 | 1800 | |
Компјутерски науки | 20 | 1800 | |
Софтверско инженерство ТЕМПУС | 30 | 1800 | |
Статистика и актуарска математика | 10 | 1800 | |
Двегодишни магистерски студии | 200 | 2500 | |
Компјутерски мрежи и е-технологии | 30 | 2500 | |
Интелигентни информациони системи | 30 | 2500 | |
Софтверско инженерство | 30 | 2500 | |
Содржински базирано пребарување | 10 | 2500 | |
Биоинформатика | 10 | 2500 | |
Екоинформатика ТЕМПУС | 10 | 2500 | |
Систем во чип ТЕМПУС | 10 | 2500 | |
Инженерство на интелигентни системи | 10 | 2500 | |
Кодирање и криптографија | 10 | 2500 | |
Компјутерски науки | 10 | 2500 | |
Софтверско инженерство ТЕМПУС | 30 | 2500 | |
Статистика и актуарска математика | 10 | 2500 |