Почитувани студенти, на ваше барање, рокот за запишување на семестар ќе се продолжи за уште една недела и ќе трае до 30.09.2011 година. Уписот на семестар по овој рок ќе може да се оствари само со плаќање казна.
 
Уписот на семестар за студентите од студиските програми пренесени од ФЕИТ ќе се одвива во термини од 10:00 - 14:00 часот, во лабораторијата SoCD (прв спрат во Анексот на ФЕИТ).
 
Уписот на семестар, пак, за студентите од студиските програми пренесени од ПМФ, ќе се одвива во термини од 10:00 - 14:00 часот и од 15:30 - 16:30 часот, во просторијата 161 (горна зграда на ПМФ). Во првиот термин студентите ќе можат само да поднесуваат документи, а во вториот ќе можат да добијат и одговори од службеник од Студентска служба. 
 
Повеќе информации околу потребните документи за уписот на семестар можете да погледнете на овој линк.