Запишувањето на зимскиот семестар за студентите на додипломските студии во учебната 2012/2013 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се врши во периодот од 08 до 14.09.2012 година, 11:00 до 14:00 часот. Повеќе детали можете да видите во соопштението[PDF].

 
Уписот за студентите кои запишуваат 3 или повисок семестар се врши во 2 дела, електронски и на хартија. Електронското запишување треба да се заврши пред да се однесат и хартиените документи во службата за студентски прашања (во зградата на ТМФ за студентите од 2. година сите насоки, како и 3. и 4. година на насоките ИКИ и ИНФО, односно во соба 161 во зградата на ПМФ за студентите од 3. и 4. година на насоките АСИ и ИТ, од 11:00 до 14:00 часот). Се молат студентите да го почитуваат предвиденото време за достава на документите. Прием на документи вон објавениот термин нема да се врши.

По истекот на овој рок студентите уписот на семестарот ќе можaт да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

Студентите од прва година уписот го извршуваат само електронски. За сите останати студенти, и двата чекори се задолжителни, односно уписот ќе се смета некомплетен доколку едниот од чекорите не е направен.

 
    НАПОМЕНА: 
    Сите студенти кои во јуни не го завериле летниот семестар се должни заверката да ја извршат при уписот на зимскиот семестар. Овие студенти покрај горенаведените документи треба да достават семестрален лист (образец за заверка на семестар) со 50,00 ден. административна такса и уплатница за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро-сметката на ФИНКИ со назнака за задоцнета заверка на семестар.
     
    Во жиро сметката наменета за школарина мора да се пополни полето за приходна шифра:
    • 723012 - Такса за запишување
    • 723019 - За студенти кои се префрлуваат од друг факултет или универзитет 
     
    Скопје, 07.09.2012 година, Деканат на ФИНКИ - Скопје.