Им се соопштува на сите редовни студенти државјани на Република Македонија кои за прв пат се запишани во завршна година во учебната 2012/2013 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на УКИМ во Скопје, дека е донесен указот за прогласување на законот за издавање на вредносни бонови - ваучери за набавување на компјутери.
 
Со цел ефикасно и успешно составување на листата на студенти од ФИНКИ кои ги исполнуваат условите за добивање на вредносни бонови - ваучери, Ве информираме дека законот за вредносни бонови - ваучери за набавување на компјутери можете да го превземете на овој линк, истиот е достапен и на огласната табла на Факултетот.
 
Услови за добивање на ваучер:
  • Апликациите се доставуваат во Студентска служба заедно со потребните документи. 
  • Ваучерите ќе се делат на „редовните студенти од социјално загрозените семејства кои за прв пат се запишани во завршната година на студии, на универзитети, како и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби“.
  • Покрај студентите со посебни потреби, другите студенти кои ќе добијат ваучери ќе бидат тие од социјално загрозени семејства. Тоа подразбира семејства кои добиваат социјална помош или семејства кои немаат поголем месечни приходи од 12.000 денари. На студентите ќе им бидат потребни потврда од социјалните служби и уверение од Управата за јавни приходи за двајцата родители за да докажат дека доаѓаат од социјално загрозено семејство.