Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во вториот уписен рок ќе се изврши на 13.09.2011 и 14.09.2011 од 09:00 - 15:00 часот во просториите на ФИНКИ (зградата на ТМФ). Потребната документација за запишување е иста како и за првиот уписен рок и може да ја најдете тука.
 
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
 
Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, на местата кои ќе останат слободни.