Заверката на летниот семестар ќе се одвива во периодот од 22.–29.06.2012 година.

Потребни документи

За заверка на семестарот се доставува:

  • Индекс
  • Семестрален лист (образец за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во летниот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС); 

Заверката за студентите од прва година, како и за студентите од насоките ИКИ и ИНФО, се врши во службата за студентски прашања на ФИНКИ, зграда на ТМФ.

Заверката за насоките АСИ и ИТ, втора година и нагоре, се врши во студентската служба на ФИНКИ во зградата на ПМФ, соба 161.
 
Скопје, 22.06.2012, од Деканатот на ФИНКИ - Скопје