Инженерство на интелигентни системи (3+1+1)

1. Општи информации
 
Науката за градење на вештачки интелигентни системи зазема централно место во инженерските науки. Има два главни правци во развивањето на вештачките интелигентни системи: насока која започнува од машини и води кон интелигенција - роботички приод, и насока која започнува од биолошки системи и води кон градење вештачки суштества - биоинформатика и биолошко инженерство. Овој модул има за цел да ги опфати и двата приода на можност за конструкција на интелиггентните системи.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Инженерство на Интелигентни системи / модул Биоинформатика или модул Роботика
  • Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
  • Поле: информатика
  • Област: интелигентни системи
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.
 
Стекната титула: Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Биоинформатика, или Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Роботика
 
2.  Воведувачки слој
 
- Воведувачки слој за модулот Биоинформатика 
 
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој за модул Биоинформатика
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1

Интелигентни системи

VII

6 Калкулус 3
 2 Бази на податоци 2 VII 6 Бази на податоци
 3

Интеракција човек компјутер

VII

6

Софтверско инженерство

 4 Изборен предмет 1 VII 6  
 5 Изборен предмет 2 VII 6  
 6

Биоинформатика 

VIII

6

-

 7

Основи на интелигентни системи

VIII

6

Структури на податоци и Дискретни структури 2

 8 Податочно рударство VIII  6  Веројатност и статистика (или Статистика) и Бази на податоци
 9 Изборен предмет 3 VIII 6  
 10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6  
 
- Воведувачки слој за модулот Роботика
 
Табела 2: Листа на предметите на воведувачкиот слој за модул Роботика
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1

Интелигентни системи

VII

6 Калкулус 3
         
 2 Интеракција човек компјутер VII 6 Софтверско инженерство
 3 Изборен предмет 1 VII 6  
 4 Изборен предмет 2 VII 6  
 5 Изборен предмет 3 VII 6  
 6

Основи на интелигентни системи

VIII

6

Структури на податоци и Дискретни структури 2

 7

Микропроцесори и микроконтролери 

VIII

6

Архитектура на компјутери

 8

Биоинформатика

VIII

6

-

 9 Роботика VIII  6  -
 10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6  
 
Табела 3: Листа на изборните предмети за воведувачкиот слој
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1 Професионална етика VII 6 Софтверско инженерство
 2 Конструкција на софтвер VII  6 Дизајн и архитектура на софтвер
 3 Современи компјутерски системи VII  6 Микропроцесори и микроконтролери
 
 4 Статистика  VIII  6 Веројатност
 5

Алгоритми

VIII

6

Објектно и визуелно програмирање

 6

Информациски системи

VIII

6

Бази на податоци

 7

Калкулус 3

VIII

6

Калкулус 2

 8 Паралелно и дистрибуирано процесирање VIII 6  Оперативни системи
 9 Дизајн и архитектура на софтвер VIII 6  Анализа на софтверските потреби
10 Мрежни и дистрибуирани оперативни системи VIII 6  Структури на податоци и Оперативни системи
 
3. Студии
 

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии за модул Биоинформатика 

 

 Професори

Предмет

Семестар

 ЕКТС 

 1 

 проф. Д-р Смиле Марковски, проф. Д-р. Ана Мадевска Богданова

 Компјутерска наука за Интелигентни системи

IX

6

 2

 доц. Д-р. Невена Ацковска, доц. Д-р Марија Михова

 Процесирање на информации во биолошки системи

IX

6

 3

 Проф. Д-р Сашо Панов

 Молекуларна биологија на клетка

IX

6

 4

 

 Изборен предмет од табела 3

IX

6

 5

 

 Изборен предмет од табела 3

IX

6

 6

 Проф. Д-р. Ана Мадевска Богданова, проф. Д-р Жанета Попеска

 Податочно рударство за Биоинформатика

X

6

 7

 

 Изборен предмет од табела 3

X

6

 

Табела 2: Листа на предметите на постдипломски студии за модул Роботика

 

 Професори

Предмет

Семестар

 ЕКТС 

 1 

 проф. Д-р Смиле Марковски, проф. Д-р. Ана Мадевска Богданова

 Компјутерска наука за Интелигентни системи

IX

6

 2

 доц. Д-р. Невена Ацковска, доц. Д-р Марија Михова

 Процесирање на информации во биолошки системи

IX

6

 3

 Проф. Д-р Андреа Кулаков, доц. Д-р. Невена Ацковска

 Основи на роботика

IX

6

 4

 

 Изборен предмет од табела 3

IX

6

 5

 

 Изборен предмет од табела 3

IX

6

 6

 проф. Д-р. Ана Мадевска Богданова, доц. Д-р Ѓорѓи Маџаров

 Машинско учење

X

6

 7

 

 Изборен предмет од табела 3

X

6

 

3.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.