Кодирање и криптографија (4+1)
1. Општи информации
Постдипломските студии по кодирање и криптографија се стремат кон врвно европско образование и убучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволуваат потребите на индустријата.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Кодирање и криптографија
- Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
- Поле: информатика
- Област: компјутерска безбедност, криптографија и кодирање
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
- Траење на студиите: 2 семестри
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистеr по информатички науки и компјутерско инженерство од областа кодирање и криптографија
2. Студии
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии
|
Професори |
Предмет |
Семестар |
ЕКТС |
1 |
проф. Д-р Смиле Марковски, доц. Д-р Весна Димитрова |
IX |
6 |
|
2 |
доц. Д-р Весна Димитрова, доц. Д-р Боро Јакимовски |
IX |
6 |
|
3 |
вон. проф. Д-р Верица Бакева, проф. Д-р Смиле Марковски |
IX |
6 |
|
4 |
|
Изборен предмет |
IX |
6 |
5 |
|
Изборен предмет |
IX |
6 |
6 |
доц. Д-р Боро Јакимовски, проф. Д-р Данило Глигороски |
X |
6 |
|
7 |
|
Изборен предмет |
X |
6 |
2.1 Изборни предмети
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.