Систем во чип ТЕМПУС (4+1)
1. Општи информации
Постдипломските студии по систем во чип имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на ИКТ инженери со длабоки познавања на вградливите системи и методологиите за развој на систем во чип. По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн и управување на вградливите системи со различни видови на најнови технологии од оваа област.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Систем во чип
- Научно - истражувачко подрачје: техничко - технолошко
- Поле: компјутерска техника и информатика
- Област: Организација и методологија на проектирање на сметачки системи (хардвер и софтвер)
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен предмет, од кои еден може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметот е избран на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на систем во чип
2. Студии
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии
|
Професори |
Предмет |
Семестар |
ЕКТС |
1 |
доц. Д-р Игор Мишковски |
IX |
6 |
|
2 |
вон. проф. Д-р Владимир Трајковиќ |
IX |
6 |
|
3 |
|
Задолжителен општо-образовен предмет |
IX |
6 |
4 |
|
Изборен предмет |
IX |
6 |
5 |
|
Изборен предмет |
IX |
6 |
6 |
доц. Д-р Димитар Трајанов |
X |
6 |
|
7 |
|
Изборен предмет |
X |
6 |
Општо-образовни предмети |
||||
1 |
|
Истражувачки методи и техники за пишување |
IX |
6 |
2 |
|
Проектен менаџмент |
IX |
6 |
2.1 Изборни предмети
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.