Цел на предметната програма: 

Студентите ќе се запознаат со основите на интелигентната роботика. Студентите ќе бидат запознаени со основните техники на моделирање на околина, на интеракцијата робот-околина, како и на интеракцијата човек-робот.Се запознаваат со начините на нивна веројатносна локализација во светот и начините на веројатносна изградба на мапите како и на истовремена локализацијана роботите и мапирање на просторот. Се дефинираат видео и аудио системите кај роботите и начините за нивно управување. На крајот на курсот се дефинира однесување кајроботи и се дава осврт на роботите кои имаат можност за учење на светот околу нив. 

Акредитација: