Виртуелна реалност

Виртуелна реалност

1.

Наслов на наставниот предмет

Виртуелна реалност

Virtual Reality

2.

Код

F23L3S083

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Катарина Тројачанец Динева проф. д-р Сузана Лошковска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Предметот треба да овозможи запознавање на студентите со концептот на виртуелна реалност, различните видови виртуелни околини, влезно-излезните уреди, како и основни програмерски техники за дизајнирање и развој на виртуелни околини. По завршување на курсот се очекува студентот да го разбира концептот на виртуелната реалност, да биде во можност да ги опише карактеристиките на различните видови виртуелни околини и да има основни познавања за дизајнирање и развој на виртуелни светови.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед. Терминологија. Примери. 2. Влезни уреди. Видови влезни уреди. Уреди за следење на позиција на глава. 3. Влезни уреди. Уреди за следење на рака. Платформи. Уреди за следење на светот. Критериуми за евалуација на уредите за следење. 4. Излезни уреди. видови. Видео излезни уреди. Просторно гледање. Техники за 3Д поглед. Видови уреди. Примери. 5. Излезни уреди. Аудио уреди. Добивање на 3Д звук. Стационарни и нестационарни уреди. Примери. 6. Влезно-излезни уреди. Тактилни уреди. Форми на тактилна перцепција. Карактеристики. Уреди на допир. 7. Тактилни уреди. Користење на роботизирани раце. Уреди базирани на магнетна левитација. Користење на звук за симулација на допир. 8. Излезни уреди за другите сетила. Мирис. Вкус. 9. Репрезентација на виртуелен свет. Видови репрезентација. Користење на поедноставени симболи. Реалистичност и степени на реалистичност. Техники за репрезентација на видео, аудио и тектилни сигнали. 10. Рендерирање на виртуелни светови. Површинско и волуменско рендерирање на видео информации. Рендерирање на комплексни сцени и оптимизација на ресурси. Граф на сцена. Рендерирање на аудио и тактилни сигнали. 11. Интеракција со корисникот. Манипулација со објекти во виртуелниот свет. Методи за манипулација. Техники за селекција на објекти. Задавње на команди во виртуелниот свет. 12. Навигација во виртуелен свет. Одредување на патеки. Помош при одредување на патеки. Патување во виртуелен свет. Начини на патување во виртуелен свет. Вежби: 1. Вовед во технологии што поддржуваат креирање на виртуелна околина. 2. Дополнителни можности на технологиите што поддржуваат креирање на виртуелна околина. 3. Креирање едноставна виртуелна околина. 4. Имплементација на примери за работа со влезни уреди и следење на позицијата на главата во околина за виртуелна реалност. 5. Имплементација на дополнителни примери за работа со различни влезни уреди 6. Имплементација на примери адаптирани за различни излезни уреди. 7. Имплементација на примери за работа со тактилни уреди. 8. Имплементација на дополнителни примери за работа со тактилни уреди. 9. Примери со различни видови репрезентација на виртуелниот свет. Употреба на различни техники за репрезентација на звук. 10. Имплементација на покомплексни сцени. Справување со ресурси. 11. Имплементација на различни начини на интеракција со корисникот. Примери со манипулација со објекти во виртуелниот свет. 12. Имплементација на навигација. Примери со различни начини на патување во виртуелната околина.

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

50 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

3937

William R. Sherman & Alan B. Craig

Understanding Virtual Reality: Interface, Application, and Design

Morgan Kaufmann

2003

3938

Jason Jerald

The VR Book: Human-Centered Design for Virtual Reality

Association for Computing Machinery and Morgan & Claypool Publishers

2016

3939

Steve Aukstakalnis

Practical Augmented Reality: A Guide to the Technologies, Applications, and Human Factors for AR and VR (Usability)

Addison-Wesley Professional

2016

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година