Имплементација на софтверски системи со слободен и отворен код

Имплементација на софтверски системи со слободен и отворен код

1.

Наслов на наставниот предмет

Имплементација на софтверски системи со слободен и отворен код

Implementation of free and open source software systems

2.

Код

F23L3W103

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Управување во информатички технологии,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Иван Чорбев проф. д-р Вангел Ајановски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


По завршување на курсот се очекува студентите да се оспособени за продуктивно учество во поголеми софтверски тимови кои работат употребувајќи технологии со слободен и отворен код. Да бидат способни за работа во програмски јазици со отворен код, да развиваат веб апликации на тие платформи. Да бидат способни да водат софтверски проект базиран на технологии со слободен и отворен код.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Софтвер со отворен код (Free/Open Source Software - FOSS). Филозофија за развој со отворен код. Хардвер со отворен код. 2. Економска анализа на системи со отворен код. Бизнис анализа. Бизнис модели. 3. Лиценцирање со отворен код и типови лиценци (GNU General Public License (GPL)). Споредба со системи со затворен код. Споредба со бесплатен софтвер. 4. Апликациски софтвер со отворен код. 5. Оперативни системи со отворен код. 6. Едукациски системи со отворен код, Развојни алатки за софтвер со отворен код. Модели за развој со отворен код. 7. Менаџирање софтверски проект со отворен код. Следење на развојот на проектите, менаџирање на промени. 8. Развојни рамки со отворен и слободен код. Развојни технологии и библиотеки со отворен и слободен код 9. Библиотеки базирани на платформи со отворен код 10. Системи за градење и менаџирање со зависности во проекти со отворен и слободен код 11. Шаблони и принципи на развој кај системи со отворен код. Практични техники при развој на веб апликации со отворен код. 12. Стандарди за кодирање и документација. Безбедност на софтвер со отворен код. 13. Поддршка за системи со отворен код (заедници за развој на OSS). Блогови, групи, форуми, социјални мрежи за OSS. 14. Иднината на софтверите со отворен код. Вежби: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности 15.1 и 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

3943

Allen Tucker, Ralph Morelli, Chamindra de Silva

Software Development: An Open Source Approach (Chapman & Hall/CRC Innovations in Software Engineering and Software Development Series)

CRC Press

2011

3944

Karl Fogel

Producing Open Source Software

Karl Fogel, under the CreativeCommons Attribution-ShareAlike (4.0) license

2017

3945

David Sklar

Learning PHP

O’Reilly Media, Inc.

2016

3946

William Sanders

Learning PHP Design Patterns

O’Reilly Media, Inc.

2013

3947

Matt Stauffer

Laravel: Up & Running: A Framework for Building Modern PHP Apps 2nd Edition

O`Reilly Media

2019

3948

Nadia Eghbal

Working in Public: The Making and Maintenance of Open Source Software

Stripe Press

2020

3949

Robin Nixon

Learning PHP, MySQL & JavaScript: A Step-by-Step Guide to Creating Dynamic Websites

O`Reilly Media

2021

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година