Современи интелигентни системи

Современи интелигентни системи

1.

Наслов на наставниот предмет

Современи интелигентни системи

Modern intelligent systems

2.

Код

IS-Z-03

3.

Студиска програма

Интелигентни системи, Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Софтверско инженерство, Статистика и аналитика на податоци, Статистика и аналитика на податоци,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Андреа Кулаков ворн. проф. д-р Георгина Мирчева проф. д-р Миле Јованов проф. д-р Невена Ацковска

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Цел на овој курс е студентот да добие перспектива за интелигентните системи и нивното влијание врз процесите во индустријата, здравството, образованието и науката. Студентите ќе ги научат современите примени и текови во развојот на интелигентните системи, како што се препознавањето на лица и предмети, автономни возила, машини кои резонираат слично како човекот, паметни околини во време на интернет на нештата итн. Студентите ќе се запознаат со разноликоста на современите интелигентни системи, кои имаат способност за извлекување и зачувување на знаење. Тие ќе ги научат резонирачките процеси кои се појавуваат кај овие системи. Ќе се оспособат да ги употребуваат интелигентните системи кои учат од нивното искуство и тренирање, способни се да се справат со непрецизни изрази и факти и изнаоѓаат решенија низ процеси кои се слични на природната еволуција. Технологиите и алгоритмите кои го овозможуваат тоа се исто така цел на овој курс.

11.

Содржина на предметната програма:


Историски преглед на развојот на интелигентните системи. Проблеми и нивно решавање. Модерни системи за знаење и резонирање. Резонирање со концепт за можност и веројатност. Современи игри. Интелигентни системи за препознавање говор и слика. Архитектури на интелигенција. Длабоко учење. Роботски интелигентни системи. Паметни околини. ИКТ легислативи, регулативи и кибер закони за интелигентните системи. Предизвици и идни трендови кај ИС.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

0 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

45 часови

16.2.

Самостојни задачи

45 часови

16.3.

Домашно учење

30 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

15 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

45 бодови

17.3.

Активности и учење

15 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности 15.1 и 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

7953

Michael Negnevitsky

Artificial Intelligence: A Guide to Intelligent Systems (3e)

Pearson

2011

7954

Robert J. Schalkoff

Intelligent Systems: Principles, Paradigms, and Pragmatics

Jones and Bartlet

2011

7955

Jan Holler, Vlasios Tsiatsis, Catherine Mulligan, Stamatis Karnouskos, David Boyle

From Machine-to-Machine to the Internet of Things: Introduction to a New Age of Intelligence

Elsevier

2014

7956

Steven Finlay

Artificial Intelligence and Machine Learning for Business: A No-Nonsense Guide to Data Driven Technologies

Relativistic books

2017

7957

Takayuki Kanda, Hiroshi Ishiguro

Human-Robot Interaction in Social Robotics

CRC Press, Taylor and Francis Group

2013

7958

James Hendler, Alice M. Mulvehill

Social Machines: The Coming Collision of Artificial Intelligence, Social Networking and humanity

Apress

2016

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година