Тестирање на софтвер за пресметување со високи перформанси

Тестирање на софтвер за пресметување со високи перформанси

1.

Наслов на наставниот предмет

Тестирање на софтвер за пресметување со високи перформанси

High Performance Computing Software Testing

2.

Код

m23_w_014

3.

Студиска програма

Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Пресметување во облак,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Бојана Котеска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Овој курс има за цел да ги воведе студентите во процесот на дизајнирање, развој и тестирање на софтвер кој користи пресметување со високи перформанси  ( High Performance Computing - HPC). Студентите ќе се запознаат со основните концепти на пресметувањето со високи перформанси, основните поими од тестирање на софтвер, моделите за развој и тестирање на софтвер кој користи пресметување со високи перформанси, како и можноста за поставување на софтвер за пресметување со високи перформанси во облак и негово тестирање.

11.

Содржина на предметната програма:


Пресметување со високи перформанси. Паралелно програмирање. Вовед во Message Passing Interface (MPI). Вовед во OpenMP (Open Multi-Processing) програмирање. Дизајн на софтвер за пресметување со високи перформанси. Модели за развој на софтвер за пресметување со високи перформанси. Вовед во тестирање на софтвер. Методи на тестирање. Дизјан на тест случаи. Тестирање на софтвер за пресметување со високи перформанси. Алатки за тестирање и практична примена. Софтвер за пресметување со високи перформанси во облак. Тестирање во облак.

12.

Методи на учење:


Предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи, поканети гости предавачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 15 + 30 + 60 + 45 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

15 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

60 часови

16.2.

Самостојни задачи

30 часови

16.3.

Домашно учење

45 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

30 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

60 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани домашни задачи

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

6707

Georg Hager and Gerhard Wellein

Introduction to High Performance Computing for Scientists and Engineers

CRC Press, Taylor & Francis Group

2011

6708

Paul Ammann and Jeff Offutt

Introduction to Software Testing, 2nd Edition

Cambridge University Press

2016

6709

Frank Nielsen

Introduction to HPC with MPI for Data Science

Springer International Publishing

2016

6710

Ian Sommerville

Software Engineering, 10th Edition

Pearson India

2018

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година