Откривање на знаење за бизнис процеси

Откривање на знаење за бизнис процеси

1.

Наслов на наставниот предмет

Откривање на знаење за бизнис процеси

Discovery of knowledge about business processes

2.

Код

m23_w_042

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Управување во информатички технологии,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Георгина Мирчева

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Во овој курс се изучуваат техниките за откривање на знаење за бизнис процеси со што се врши автоматко откривање на моделите на бизнис процеси базирано на податоци за минатите настани од процесот. Овој курс ги обединува податочното рударење и моделирањето на бизнис процеси што може да се примени за автоматско откривање и подобро моделирање на бизнис процеси. Ќе бидат разгледани различни техники кои користат податоци за минатите настани и ќе бидат применети на реални апликации. По завршување на овој курс студентите ќе имаат продлабочени знаења за интелигентно моделирање на бизнис процеси, ќе знаат да изберат соодветни техники и да ги применат истите во реални апликации. Студентите ќе стекнат практично знаење преку анализа на студија на случај.

11.

Содржина на предметната програма:


Бизнис процеси, вовед, концепти, фази во менаџирање на бизнис процеси. Преглед на јазици за моделирање на бизнис процеси. Моделирање на бизнис процеси. Прибирање и репрезентација на податоци за бизнис процеси. Логови од настани на бизнис процесот, содржина и формат. Алгоритми за откривање на тек во бизнис процеси, идентификација на настани и одлуки, и одредување на веројатности за нивно појавување. Автоматско откривање на ресурси и нивна комуникација. Типови на проблеми за рударење на бизнис процеси. Откривање на знаење за бизнис процеси, вовед, техники и апликации. Откривање на бизнис процеси базирано на генетски алгоритми. Откривање на бизнис процеси базирано на матна логика. Проверка на коректноста. Идентификација на тесни грла. Подобрување на модели на бизнис процеси. Ре-дизајн на бизнис процеси. Анализа и евалуација. Мониторинг и контрола на бизнис процеси. Операциона поддршка. Софтверски алатки за откривање на знаење за бизнис процеси.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, практични вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

0 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

45 часови

16.2.

Самостојни задачи

45 часови

16.3.

Домашно учење

30 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

15 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

45 бодови

17.3.

Активности и учење

15 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

7389

Wil M.P. van der Aalst

Process Mining: Data Science in Action

Springer-Verlag Berlin Heidelberg

2016

7390

Andrea Burattin

Process Mining Techniques in Business Environments

Springer International Publishing

2015

7391

Wil M.P. van der Aalst

Process Mining: Discovery, Conformance and Enhancement of Business Processes

Springer-Verlag, Berlin

2011

7392

Lars Reinkemeyer

Process Mining in Action: Principles, Use Cases and Outlook

Springer

2020

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година