Неструктурирани бази на податоци

Неструктурирани бази на податоци

1.

Наслов на наставниот предмет

Неструктурирани бази на податоци

Unstructured databases

2.

Код

F23L3S141

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Биоинформатика, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Горан Велинов проф. д-р Слободан Калајџиски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Бази на податоци

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целта на курсот е студентите да се запознаат со неструктурираните и полуструктурираните типови на податоци, нивната организација и чување, како и техниките за манипулација и обработка на истите. Исто така студентите ќе бидат запознаени и со NoSQL базите на податоци, современи бази на податоци кои не подлежат на релациониот модел, а се користат во дистрибуирани и кластер околини. Посебен акцент ќе биде ставен на практичното знаење на некоја од NoSQL базите на податоци.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед во полуструктурирани податоци. ObjectExchangeModel (OEM). Вовед во XML. Структура на XML документите. 2. Шеми на податоци - DTD 3. Шеми на податоци - XMLSchema 4. Препораки за трансформација на ЕЕР модели во XML шеми на податоци 5. Манипулација за XML документите. Користење на xPath за навигација низ XML документите 6. Манипулација врз XML документите преку XQuery, поставување на едноставни прашалници и користење на кориснички дефинирани функции 7. Вовед во NoSQL базите на податоци. Запознавање со начинот на структурирање, чување и манипулација со податоците организирани преку NoSQLбазите на податоци. 8. Map-Reduce методологија за паралелно решавање проблеми 9. Агрегација на податоци и агрегатни податочни модели како основа на NoSQL базите на податоци 10. Document базирани бази на податоци и key-value базирани бази на податоци 11. Column-family базирани бази на податоци и graph базирани бази на податоци 12. Најчесто користени NoSQL бази на податоци и нивна примена во различни домени и апликации Вежби: 1. ОЕМ примери. Вовед во XML. Примери за структура на XML документите (елементи, атрибути) 2. Шеми на податоци DTD 3. Шеми на податоци XMLSchema 4. Трансформација на ЕЕР модели во XMLSchema 5. Примери со навигација низ XML документи со XPath 6. Манипулација врз XML документите преку XQuery 7. Повторување на релациона алгебра 8. Решавање на проблеми во Map-Reduce 9. Решавање проблеми со агрегатни модели 10. Проектна задача 11. Проектна задача 12. Проектна задача

12.

Методи на учење:


предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, проектни задачи, домашни задачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

40 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15, 16

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4548

Martin Fowler

NoSQL Distilled: A Brief Guide to the Emerging World of Polyglot Persistence

Addison-Wesley Professional

2012

4549

A. Moller and M. Schwartzbach

An Introduction to XML and Web Technologies

Addison Wesley

2006

4550

D. Hunter, J. Rafter, J. Fawcett, E. van der Vlist, D. Ayers, J. Duckett, A. Watt, L. McKinnon

Beginning XML, 4th Edition (Programmer to Programmer)

Wrox

2007

4551

E. Redmond, J. R. Wilson

Seven Databases in Seven Weeks: A Guide to Modern Databases and the NoSQL Movement

Pragmatic Bookshelf

2012

4552

Guy Harrison

Next Generation Databases: NoSQLand Big Data

Apress

2015

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година