Анализа и дизајн на ИС

Анализа и дизајн на ИС

1.

Наслов на наставниот предмет

Анализа и дизајн на ИС

Analysis and design of IS

2.

Код

F23L3W075

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Управување во информатички технологии, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Владимир Трајковиќ

9.

Предуслови за запишување на предметот

Бази на податоци

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Запознавање на студенти со актуелните техники за анализа и дизајн на информациските системи (ИС). Навлегување во студија на случај на развој на ИС со користење на актуелни методологии. Оспособување за практична анализа на кориснички побарувања и креирање ефективни модели во сите фази развој на еден ИС, со нагласок на фазите на анализа и дизајн. По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира знаење за користење на современи пристапи во процесот на анализа и дизајн на информациските системи.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Општи информации за предметот, начин на предавања, начин на учество на студенти, претставување на литературата што се користи во предметот, содржина на домашни задачи, содржина на проектна задача, испит и услови за полагање, начини на комуникација во предметот 2. Вовед во анализа и дизајн на информациски системи: - Зошто е значајна информатичката технологија? - Дефиниција за информациски систем и негови компоненти - Што се профили и модели и како се тие поврзани со бизнис функции и операции? - Како интернет технологиите влијаат на анализата и дизајнот на информациските системи? - Типови на информациски системи и нивни корисници 3. Анализа на бизнис случај: - Што е бизнис случај и како е тоа поврзано со информациските системи? - Што е стратешко планирање и како е тоа поврзано со ИС? - SWOT анализа - Што се системски побарувања? - Што е операциска, техничка, економска и временска исплатливост (feasibility)? 4. Техники за собирање на податоци потребни за анализа на ИС: - Пристапи базирани на интервјуа и анкети - Пристапи базирани на анализа на документи - Пристапи базирани на надбљудување - Хибридни пристапи 5. Дизан на ИС: пишување спецификации: - Зошто е потребно да се пишуваат спецификации - Спецификации за внатрешен развој - Спецификации за стратешко планирање - Составни делови на техничка тендерска документација - Типови побарувања во техничка спецификација (генерални побарувања, функционални побарувања, нефункционални побарувања, останати побарувања) 6. Дизан на ИС: пишување спецификации: - Примери на интерконективност - Примери за перформанси 7. Дизајн на ИС како раководење на проект: - Поделба на работата, задачи, критичен пат - Gantt табели, PERT/CPM табели - Техники за естимација на време и цени - Управување со ризици Примери пракси за анализа и дизајн на Информациски системи во Р.Македонија - Типови индустрии 8. Дизан на ИС: пишување спецификации: - Услови за постигнување обезбедување на квалитет - Метрики за обезбедување на квалитет на софтверот и нивно рефлектирање во дизајнот на ИС 9. Дизајнирање на одржување на ИС: - Обука на корисници - Грижа за корисници - Типови на одржување - Гарантни периоди - Управување со одржување 10. Управување со имплементација на ИС со фокус на користење на агилен пристап: - Традиционални методи за имплементација на ИС - Агилни методи за имплементација на ИС - Елементи на агилен развој (тимови, скрум, спринт, рилиз) - Проблеми со агилниот развој на ИС 11. Пристапи за тестирање и инсталација на ИС - Тестирање и одобрување на код, пристапи за инсталација - Тест околини, околини за развој, продукциски околини - Мигрирање на податоци и процеси од стар во нов ИС (пристапи и проблеми) 12. Управување со проблеми при работа на ИС - Справување со падови на ИС - Престанок на работа на ИС Вежби: 1. Дефинирање на темите за домашните задачи и проектната задача, дикусија околу изборот на студиите на случај 2. Студии на случај 3. Анализа на конкретни примери од Р.Македонија, студии на случај 4. Практични примери со користење на различни алатки 5. Алатки за моделирање: - Пишување на пример технички спецификации со користење на податочни текови - Дизајн на интеркација, податоци и извештаии - Модификации на податочни текови за да се рефлектираат финесите на техничките побарувања 6. Алатки за моделирање: - Пишување на пример технички спецификации со користење на објектно ориентирани алатки како УМЛ - Како да се изберат правилни дијаграми за опис на различни побарувања - Како може имплементациските специфики да се рефлектираат во дизајнот на ИС 7. Анализа на конкретни примери од Р.Македонија, студии на случај - Примери од јавен сектор - Примери од приватен сектор (во локален контекст) - Примери од приватен сектор (во меѓународен контекст) 8. Алатки за дизајнирање на ИС преку пример 9. Анализа на студии на случај 10. Анализа на студии на случај 11. Анализа на студии на случај 12. Студии на случај

12.

Методи на учење:


предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, проектни задачи, домашни задачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

20 бодови

17.4.

Завршен испит

30 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15, 16

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4209

Gary B. Shelly, Harry J. Rosenblatt

Systems Analysis and Design, Ninth Edition

Course Technology, Cengage Learning

2012

4210

ALAN DENNIS Indiana University, BARBARA HALEY WIXOM University of Virginia, ROBERTA M. ROTH University of Northern Iowa

SYSTEM ANALYSIS AND DESIGN, Fifth Edition

John Wiley & Sons, Inc

2012

4211

Gojko Adzic

SPECIFICATION BY EXAMPLE

Manning Publications Co

2011

4212

Владимир Трајковиќ

Работна Скрипта по предметот

2016

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година