Компјутерски поддржано производство

Компјутерски поддржано производство

1.

Наслов на наставниот предмет

Компјутерски поддржано производство

Computer Aided Manufacturing

2.

Код

F23L3W117

3.

Студиска програма

Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Компјутерско инженерство, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Андреја Наумоски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски архитектури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целата на курсот е запознавање на студентите со теоријата, принципите и праксата за компјутерски потпомогнато производство, основните поими за системи и модели, контрола и симулација на производни процеси.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Основни поими за системи и модели. Дискретни системи и класификација. Стохастичко моделирање на производни процеси.Симулација на дискретни системи, распределување на настани. Временски и хибридни модели 2. Вовед во Програмибилни Логички Контролери (PLC) и нивна примена во компјутерско водење на производни процеси. Принципи на работа, хардверски компоненти и опис. 3. Теоретски аспекти на дизајн и операциски карактерстики на PLC. Влезно-Излезни уреди во процесот на компјутерско поддржано производство. Сензори и актуатори во приоцесот на производство. PLC информациски и комуникациски технологии. 4. Вовед во методи за програмирање на PLC. Вовед во IEC 61131-3 стандардот (Ladder) програмирање. Блок функциско програмирање. Дополнителни теоретски аспекти на методи за PLC програмирање: IL, SFC и ST. 5. Теоретски аспекти на програмски техники за PLC програмирање. Вовед во Внатрешни PLC релеа, Јump и Call процедури. 6. Теоретски аспекти на програмски техники за PLC програмирање. Вовед во различни видови на тајмери и бројачи. Активација и деактивација на опаѓачки или растечки сигнал. 7. Теоретски аспекти на програмски техники за PLC програмирање. Вовед во Shift регистри и техники за манипулација на влезни сигнали. 8. Колоквиумска Недела 9. Конфигурација и дизајн на PLC системи во супервизорска контрола на компјутерски водени процеси. 10. Дизајн, анализа, имплементација, одржување и дијагностика на PLC дизајнирани производни процеси. 11. Примена на Автомати и Петри мрежи во процесот на моделирање на компјутерско поддржано производство. Примена на Маркови циклуси во процесот на моделирање на компјутерско поддржано производство. 12. Примена на непрецизирана логика во процесот на компјутерско поддржано производство. Теоретски аспекти на непрецизирано контролирани производни процеси со предефинирани правила. 13. Теоретски аспекти на непрецизирано контролирано производни процеси преку правила генерирани од интелегетни алгоритми врз основа на податоци. Примена на роботика во компјутерско поддржано производство. 14. Колоквиумска Недела Вежби: 1. Практични примери и задачи за системи и модели. Решавање на задачи за дискретни системи и нивна примена во областа на компјутерско поддржано производство. Примери за стохастичко моделирање на производни процеси и симулација на дискретни системи, распределување на настани. 2. Практични примери за примена на PLC уредите во процесот на управување на производни процеси. 3. Практични примери на влезно-излезни уреди во кобинација со PLC и нивна примена во компјутерско поддржано производство. Примери за информациски и комуникациски техники за работа со индустриски процеси. Дигитални Системи и Влезно/Излезно процеирање. Запознавање со SIMATIC Siemens STEP 7 софтверот за симулација. 4. Примери и задачи за IEC 61131-3 стандардот (Ladder) програмирање во процес на компјутерско поддржано производство. Дополнителни задачаи за останати методи на PLC програмирање: IL, SFC и ST. 5. Решавање на практични примери и задачи со користење на внатрешни PLC релеа, Jump и Call програмски техники со IEC 61131-3 стандардот (Ladder) во процесот на компјутерско поддржано просизводство. 6. Решавање на практични примери и задачи со користење на тајмери и бројачи програмски техники со IEC 61131-3 стандардот (Ladder) во процесот на компјутерско поддржано просизводство. 7. Решавање на практични примери и задачи со користење на Shift регистри и техники за манипулација на влезни сигнали со IEC 61131-3 стандардот (Ladder) во процесот на компјутерско поддржано просизводство. 8. Колоквиумска Недела 9. Практични примери и задачи за конфигурација и дизајн на индустриски производни процеси. Примери за супервизиска контрола. 10. Примери и задачи за дизајн и анализа на PLC дизајнирани производни процеси. Примери за одржување и дијагностика на PLC. 11. Задачи за автомати и петри мрежи и нивна примена во моделирање на компјутерско поддржано производство. Задачи за Маркови циклуси и нивна примена во моделирање на компјутерско поддржано производство. 12. Задачи за непрецизирана логика (предефинирани правила) и нивна примена во моделирање на компјутерско поддржано производство. 13. Задачи за непрецизирана логика (методи за анализа на податоци за генерирање на правила) и нивна примена во моделирање на компјутерско поддржано производство. Примена на роботика во производни процеси. 14. Колоквиумска Недела

12.

Методи на учење:


Предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

30 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

3222

Khaled Kamel Eman Kamel

Programmable Logic Controllers - Industrial Control

McGraw-Hill Education

2014

3223

William Bolton

Programmable Logic Controllers 6th Edition

Elsevier

2015

3224

Dag H. Hanssen

Programmable Logic Controllers - A Practical Approach TO IEC 61131-3 Using CoDeSys

Wiley

2015

3225

Андреја Наумоски

Збирка одбрани решени задачи по Компјутерско поддржано производство

ФИНКИ

2020

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година