Линеарно програмирање

Линеарно програмирање

1.

Наслов на наставниот предмет

Линеарно програмирање

Linear Programming

2.

Код

m23_s_060

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Методија Јанчески

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целта на курсот е студентите да се запознаат со математичката теорија на линеарното програмирање, со пресметувачките аспекти и најпопуларните практични примени на линеарното програмирање. По завршување на курсот кандидатите: ќе имаат продлабочени знаења за повеќе различни алгоритми на линеарното програмирање и ќе бидат оспособени за решавање на широк спектар задачи од областа на економските и техничките истражувања, од практиката на планирањето и организацијата на производство и од управување на системи поврзани со наоѓање најмала (или најголема) вредност на некоја функција од голем број на променливи.

11.

Содржина на предметната програма:


1. Елементи од теоријата на конвексни полиедри (конвексни множества, пар заемно-дуални системи линеарни равенки и неравенки, конвексни конуси, конвексни многустрани конуси, конвексни многустрани множества, конвексни полиедри) 2. Задача на линеарното програмирање (ЛП) (еквивалентна форма на ЛП задачата, допустлива област, екстремални програми, стандарден вид на ЛП-задача, базни програми, геометриска интерпретација на ЛП-задачата во Rn и Rm) 3. Симплекс метод (основни теореми на методот симплекс, симплекс алгоритам, наоѓање почетна базна програма, дегенерација и цикл, лексикографски облик на методот симплекс, модифициран симплекс алгоритам) 4. Дуалност во линеарното програмирање (дефиниција на пар заемно-дуални ЛП-задачи, основна теорема во дуалноста, функција на Лагранж за парот заемно-дуални ЛП-задачи, дуален симплекс алгоритам, наоѓање почетно дуално допустливо решение, економска интерпретација на парот заемно-дуални задачи, матрични игри и дуалност) 5. Специјални ЛП-задачи и методи (класична транспортна задача, правило на северозападниот агол, решение на класична транспортна задача, варијанти на транспортната задача, ЛП задача со блок-структура, постоптимални задачи, параметарски задачи) 6. Дискретно програмирање (примери на целобројни задачи, методи на отсекување, дискретен алгоритам, цикличен алгоритам, приближни методи, адитивен алгоритам, алгоритам на Белман)

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби, тимска работа, студии на случај, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа. Покрај методот на усно излагање, ќе се применуваат активните методи на учење како: метод на проблемска настава, метод на проектна настава, метод на истражување, метод на самостојна работа и други.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

50 + 30 + 20 + 40 + 40 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

50 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

40 часови

16.2.

Самостојни задачи

20 часови

16.3.

Домашно учење

40 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

20 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

40 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

50 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

6512

Димитра Л. Карчицка

Теорија и методи на линеарното програмирање

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

2000

6513

David G. Luenberger, Yinyu Ye

Linear and nonlinear programming

Springer

2021

6514

Elias Munapo, Santosh Kumar

Linear Integer Programming

Walter de Gruyter GmbH, Berlin/Boston

2022

6515

Frederick S. Hillier, Gerald J. Lieberman

Introduction to operations research

McGraw-Hill

2005

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година