Концепти и примена на големи податоци
1. |
Наслов на наставниот предмет |
Концепти и примена на големи податоци Concepts and applications of big data |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
2. |
Код |
m23_w_039 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
3. |
Студиска програма |
Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Пресметување во облак, |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
4. |
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
Втор циклус |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
6. |
Академска година / семестар 5 / Зимски |
7. Број на ЕКТС кредити 6.0 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
8. |
Наставник |
ворн. проф. д-р Ефтим Здравевски проф. д-р Горан Велинов |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
9. |
Предуслови за запишување на предметот |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
10. |
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е студентите да се запознаат со феноменот на големи податоци - причините за нивната појава и начините на нивно создавање, како и со теоретските и практичните концепти за моделирање и анализа на податоци со голем обем, брзина и разновидност. Ќе биде даден вовед во традиционалните системи за aнализа на податоци и предизвиците поврзани со големите податоци. Ќе бидат разгледани типични проблеми, апликации и системи поврзани со големи податоци. Од теоретски и практичен аспкет ќе биде проучен екоситемот изграден околу рамката Hadoop - намената, концептите и архитектурата на елементите на Hadoop и основните компоненти на екосистемот.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||
11. |
Содржина на предметната програма: Генерирање на големи податоци. Реални примери со трите типови на извори на големи податоци: луѓе, организации и сензори. Препознавање и опис на карактеристиките на големи податоци: волумен, брзина, променливост, разновидност, вредност, визуализација, валентност. Нивно влијание на собирањето, мониторингот, чувањето, анализата и генерирање извештаи. Постапка за добивање вредност од големи податоци преку процес за структурирана анализа. Предизвици и грешки во собирањето и анализата на големи податоци. Опис на архитектурните компоненти на системите кои се користат за скалабилна анализа на големи податоци. Податочно-водени стратегии за донесување одлуки. Хоризонтално и вертикално партиционирање на податоците. Предизвици со димензионално моделирање. Модули на Hadoop рамката: Common, YARN, HDFS, MapReduce. Основни компоненти на Hadoop екосистемот: HBase, Spark, Hive, Pig. Алатки за визуализација на големи податоци. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
12. |
Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
14. |
Распределба на расположивото време |
30 + 30 + 30 + 45 + 45 = 180 часа
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
15. |
Форми на наставните активности |
15.1. |
Предавања- теоретска настава |
30 часови |
|||||||||||||||||||||||||||||||
15.2. |
Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа |
30 часови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
16. |
Други форми на активности |
16.1. |
Проектни задачи |
45 часови
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
16.2. |
Самостојни задачи |
30 часови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
16.3. |
Домашно учење |
45 часови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
17. |
Начин на оценување |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
17.1. |
Тестови |
30 бодови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
17.2. |
Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна) |
45 бодови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
17.3. |
Активности и учење |
20 бодови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
17.4. |
Завршен испит |
0 бодови |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
18. |
Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
||||||||||||||||||||||||||||||||
од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
реализирани активности 15.1 и 15.2 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
20. |
Јазик на кој се изведува наставата |
македонски и англиски |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
21. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
механизам на интерна евалуација и анкети
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
22. |
Литература |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
22.1. |
Задолжителна литература |
||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
22.2. |
Дополнителна литература |
|