1. Општи информации

 

Постдипломските студии по Екоинформатика се стремат кон врвно европско образование и обучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволуваат потребите на индустријата.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Екоинформатика
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
  • Поле: компјутерски техника и информатика
  • Област: еко-информатика
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на насоки од полето на информатика или компјутерска техника и информатика кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4
  • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е

– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на Екоинформатиката

 

 

2. Воведувачки слој

Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.

Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој

РБ Предмет Семестар ЕКТС
1 Задолжителен предмет 1 од Табела 2 VII 6
2 Задолжителен предмет 2 од Табела 2 VII 6
3 Задолжителен предмет 3 од Табела 2 VIII 6
4 Задолжителен предмет 4 од Табела 2 VIII 6
5 Изборен предмет 11 VII 6
6 Изборен предмет 21 VII 6
7 Изборен предмет 31 VII 6
8 Изборен предмет 41 VIII 6
9 Изборен предмет 51 VIII 6
10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6

[1] Избор од листите на предмети од воведувачкиот слој на сите магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

Изборните предмети може да се одберат од предложената листа на предмети на студиската програма, Табела 2, или пак од предложените листи на предмети од воведувачки слој на другите студиски програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изборот на предмети треба да е направен соодветно на претходните знаења на кандидатот и потребните знаења за продолжување со постдипломските студии по Интернет технологии. Дозволен е само еден слободен избор на предмет кој се наоѓа на универзитетската листа на предмети за првата година од двогодишни постдипломски студии.

Табела 2: Листа на изборните предмети

РБ Нов код / Предмет Семестар ЕКТС Предуслов2
1 CSEW501 Менаџмент информациски системи VII 6 Софтверско инженерство или Анализа на софтверските барања
2 CSEW702 Веб базирани системи VII 6 Веб програмирање или Интернет технологии
3 CSEW303 Веројатност и статистика VII 6 Калкулус 1, Дискретна математика 2
4 CSEW504 Администрација на мрежни сервиси VII 6 Компјутерски мрежи, Оперативни системи
5 CSEW710 Методологија на истражувањето во ИКТ VII 6 нема
6 CSEW711 Моделирање и симулација VIII 6 Веројатност и статистика
7 CSES606 Географски информациони системи VIII 6 Бази на податоци
8 CSES622 Податочно рударство VIII 6 Бази на податоци
9 CSES805 Интелигентни информациски системи VIII 6 Машинско учење
10 CSEW517 Машинско учење VIII 6 Веројатност и статистика или Бизнис статистика

 

[2] Насловите на предметите се дадени според наставните планови на додипломските студии на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство, УКИМ, Скопје. Студентите кои завршиле на други институции ќе треба да прикажат положени испити по предмети соодветни на наведените за да ги исполнат предусловите за соодветниот предмет.

По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии – Табела 3 (IX и X семестар).

 

3. Студии

Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии

РБ КОД / Предмет Семестар З/И ЕКТС
1 ЕИ-З-01 Концепти во Еко-информатиката IX З 6
2 ЕИ-02 Еколошко моделирање IX З 6
3 ЕИ-З-03 Имплементација на Географски Информациони Системи IX З 6
4 Изборен предмет 1 IX И 6
5 Изборен предмет 2 IX И 6
6 ЕИ-З-04 Откривање на знаење од податоци за животната средина X З 6
7 Изборен предмет 3 X И 6
8 Магистерска тема X З 18

 

Најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Најмногу еден од изборните предмети може да се избере од Универзитетската листа на предмети од магистерски студии. Најмногу два изборни предмети може да се одберат од предмети понудени на останатите постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инеженерство.

Табела 4: Изборни предмети

РБ Нов код / Предмет Семестар ЕКТС
1 ЕИ-И-01 Анализа на потребите на информатиката на екосистем IX 6
2 ЕИ-И-02 Мониторинг и обработка на податоци во инженерството на животната средина IX 6
3 ЕИ-И-03 Далечинско сондирање X 6
4 ЕИ-И-04 Е-бизнис IX 6
5 ЕИ-И-05 Податочна визуелизација IX 6
6 ЕИ-И-06 Дигитален маркетинг X 6
7 ЕИ-И-07 Напредни дистрибуирани и паралелни системи IX 6
8 ЕИ-И-08 Управување со Интернет инфраструктура IX 6
9 ЕИ-И-09 Паметни сензорски мрежи X 6
10 ИТ-И-10 Мрежна виртуелизација и пресметки во облак X 6
11 ИТ-И-11 Наука базирана на податоци IX 6
12 ИС-И-04 Mобилни веб сервиси IX 6
13 ПС-И-08 Отворени и поврзани податоци X 6
14 ПС-И-07 Интернет од Нешта за еко-системи IX 6

 

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.