Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува утре, среда (01.02.2017). Распоредот на часови е објавен до делот „Студии - Додипломски студии - Распоред“. Во истиот дел е објавена и распределба на студенти по групи.

 

Напомена: На распоредот се поставени само предавањата од задолжителните предмети и истиот ќе важи само првата недела од 01-03.02.2017 година. Исто така бројот на групи по предмет и распределбата по групите не е конечна и ќе зависи од вкупниот број на запишани студенти по истекување на рокот за упис.