Стефан Андонов е роден 1997 година во Неготино, каде што го завршува своето основно и средно образование.
Во 2015 година се запишува на додипломски студии на ФИНКИ на насоката компјутерски науки и инженерство (КНИ). Дипломира во октомври 2019 година со просечна оценка 9.38 со дипломскиот труд „Динамички конфигурирана статистичка анализа на податоци со Apache Flink“ под менторство на вонр. проф. д-р Ѓорѓи Маџаров.
Своето прво работно искуство го стекнува во компанијата Elevate Global како Big data engineer. Во 2019 година го продолжува своето образование на магистерски студии на ФИНКИ на насоката софтверско инженерство.
Во март 2018 е избран за помлад демонстратор и изведувал лабораториска настава на ФИНКИ како лаборант на повеќе предмети на ФИНКИ. Во ноември 2019 година е избран во наставно звање демонстратор на ФИНКИ и изведува настава по предметите Стуктурно програмирање, Објектно-ориентирано програмирање, Напредно програмирање, Софтверско инженерство, Визуелно програмирање, Вовед во компјутерски науки и Криптографија.
Полиња од негов научен интерес се машинско учење, анализа и предвидување на временски серии, big data, дистрибуирано процесирање, дистрибуирани системи, софтверско инженерство, безбедност на информации и компјутерски системи.
Активно е вклучен во работата на ФСС ФИНКИ, како претставник на студентите од втор и трет циклус, како и го претставува ФИНКИ на универзитетското студентско собрание на УКИМ. Член е на комисиите за дигитализација и настава при УСС УКИМ.