На 5ти и 6ти јуни 2014 година ќе се одржи Shift конференцијата, најголем стартап настан во Југоисточна Европа. Конференцијата ќе се одржи во градот Сплит во Хрватска, во Хрватскиот национален театар.

Во рамките на конференцијата организиран е и Shift Hackathon, настан кој се состои од 24 часа кодирање и ќе се одржи на 2ри и 3ти јуни во Градската библиотека во Сплит. Победниците на овој настан ќе освојат 5000, 4000 и 3000 долари за прво, второ и трето место, соодветно. Регистрирањето на тимовите се врши најдоцна до 18 мај. Повеќе детали за хакатонот можете да добиете на овој линк[PDF].

Исто така во тек е Shift предизвикот, за кој наградите се 10000, 3000 и 2000 долари за прво, второ и трето место соодветно. Аплицирањето за Shift предизвикот е најдоцна до 4 мај. Повеќе детали за предизвикот можете да добиете на овој линк[PDF].